Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Во Ресен поплавени 50 домови, во Прилеп паднал таван од куќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryvlnl7gd19331fEgz0Z3

Според информациите на Центарот за управување со кризи до 8 часот, обилните врнежи предизвикаа локални излевања, поплави и прекини во водоснабдувањето на повеќе локации низ државата.

Во Општина Ресен, реките Болнска и Источка се излеале во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени повеќе од 50 куќи, магацини, визби и земјоделски површини.

Ангажирани се екипи со 4 багери, 7 пумпи и дополнителни приватни пумпи за исцрпување вода. Голема Река бележи водостој од 2,1 метар со почетни излевања во Долна и Горна Бела Црква.

ЈКП „Пролетер“ известува дека водата привремено не се препорачува за пиење. ТППЕ Ресен интервенира во с. Дрмени со 2 возила и 5 пожарникари.

Во Битола, екипи на јавните претпријатија работат во селата Нижеполе, Дихово, Цапари, Породин, Жабени, Лажец, Меџитлија, Острец, Граешница и Кишава.

„Нискоградба“ и АД Водостопанство подигаат насипи на р. Драгор кај Долно Оризари.

На мостот во Карамани се расчистуваат гранки и отпад за зголемување на протокот.

— реклама —

ХМС „Стрежево“ ги чисти пропустите на Цапарска Река (Доленци–Лера).

Затворени се патиштата Лера–Доленци и кон Цапари поради вода на коловоз.

Нивото на р. Црна е зголемено на 2,7 метри (во 15:30 ч).

— реклама —

ЈКП Водовод работи на дефект што предизвика прекин во водоснабдувањето од Кравари до Меџитлија.

Преку Е-112 пријавени се повеќе поплавени подруми, дворови, паднато дрво и ризик од излевање канали.

Пријавено е паѓање таван на куќа на ул. „Кајмакчалан“ во Прилеп како последица од дождовите.

РЦУК известува за повеќе интервенции на поплавени домови во Охрид.По прекинот на дождот состојбата се стабилизира, но реките остануваат со висок водостој.

— реклама —

Екипите во Крива Паланка и Кратово расчистуваат одрони на регионалните патишта. Водостојот на Кратовска и Крива Река е зголемен, но без излевања.

Пријавени се три одрони на патот Струмица–Валандово.

Нивото на реките во Скопје е покачено, но состојбата е под контрола и нема пријавени излевања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library300eoja88tcu3YQkVBL

Вечерва почнува 23. „Пиво фест“ во Прилеп

Македонија | пред 4 дена

nasilstvo-vrz-deca

Малолетник физички нападнат на час во училиште во Прилеп

Македонија | пред 2 месеци

policija-policaec

Полицијата запре „сеат“, возачот без дозвола заврши во станица

Македонија | пред 3 месеци

vozacka-1

Со завршено четврто одделение сакал да извади возачка, па фалсификувал диплома

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања