„Во СДСМ раскол пред изборите“, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека општинските организации се откажуваат од Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-3

„Во СДСМ раскол пред изборите, никој не се нафаќа да оди во пораз, единствено старите и компромитирани кадри. СДСМ за кандидат за градоначалник на Прилеп го кандидира Сугарески кој смени пратенички, министерски и директорски места за сега по кој знае кој пат да алудира за нова функција. Во Прилеп никој не сакал да губи, единствен кој се нафаќал на пораз е вечниот функционер на СДСМ, Сугарески, кој заедно со фамилијата на власт пустошеше изминативе години“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Иста е ситуацијата и со Велес. СДСМ нема кандидат кој ќе се нафати да трча освен некој стар истрошен кадар како Марјан Николовски.

— реклама —

Поголем број општински ограноци откажуваат послушност на Заев заради се поевидентниот пораз на СДСМ.

— реклама —

Секој во СДСМ се спасува себе си, само Заев и старите и истрошени кадри со него нема кај да бегаат.

Време е за одговорност. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања