Промени тема
Контакт

Во СДСМ следи период на промени, вели Ковачевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
4E16E350-AD9A-439B-830B-AC8F6B74BD84

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска се обрати на завршниот настан на Политичката академија за социјална демократија во организација на Прогрес институтот.

Ковачевски им честиташе на учесниците на академијата, како шанса за проширување на нивното знаење, и се осврна на претстојните предизвици пред кои е исправена државата.

— реклама —

Пред присутните, претседателот Ковачевски порача дека младите социјалдемократи треба да бидат активни и гласни, да бидат што повеќе вклучени во процесите на креирање и реализација на квалитетни младински политики.

„Како млади луѓе треба да ја насочите енергијата и креативноста да се борите против неправдата во општеството. Сржта на добрите социјалдемократски политики и одлика на лидерите е битката за еднаквост, за еднаква шанса да добие секој човек, за да се помогне на немоќниот и обесправениот. Вистинскиот лидер се грижи повеќе за другите отколку за себе и својот личен интерес. Гласно кажувајте ги вашите предлози, идеи, желби за промена, подобрување и унапредување во средината во која делувате, но и преземете акција која ќе ги мотивира и другите да ви се приклучат.“ порача Ковачевски.

— реклама —

Претседателот Ковачевски истакна дека во СДСМ следува период на промени и дека во тие промени сериозно смета и младите социјалдемократи.

— реклама —

„СДСМ во периодот кој следи мора да се менува а вие мора да бидете носители на таа промена. Има многу работа пред нас, за да ги промениме работите, но тоа почнува од промената на самите себе. Младината е можеби и најважниот дел од едно општество и должна е да ја обликува сегашноста, но и иднината во тоа општество. Младината не смее да седи на страна и чека туку да преземе акција, да го дигне гласот и да се бори за својата иднина. Гласот на младите и нивните потреби е глас кој јас како лидер ќе го слушам.“ заклучи претседателот Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања