„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Во Скопје отворена Ветеринарна болница со нови простории за сместување и нега на животни со најсовремени третмани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
IMG_5315

Нови простории и опрема од денеска се во функција на Универзитетската ветеринарна болница за општи и специјалистички прегледи на домашните миленици. Болницата е опремена со најсовремена апаратура која е интегративен дел од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

— реклама —

- Универзитетската ветеринарна болница сега има на располагање скоро 500 м2 простории за вршење ветеринарна дејност кои сочинуваат една функционална целина која е единствена во земјава и пошироко во регионот со ваков капацитет, најави проф. д-р Лазо Пендовски, декан на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

Тој соопшти дека болницата е дизајнирана за општи и специјалистички прегледи на домашните миленици и е опремена со најсовремена апаратура, поседува две комплетно опремени хируршки сали со апарати за инхалациона анестезија, болнички стационар, стоматолошки кабинет, дијагностичка лабораторија со современи апарати за биохемиска, паразитолошка, микробиолошка и молекуларна дијагностика, нова опрема за рендген дијагностика како и ултразвучна и ЕКГ-дијагностика.

— реклама —

- Според регистарот на Агенцијата за храна и ветеринарство ова е единствената овластена Ветеринарна болница во државава која е одобрена од надлежните органи и има капацитети за сместување и нега на животни, објасни проф. д-р Пендовски.

Во Универзитетската ветеринарна болница работи високообучен тим на експерти, професори, соработници - докторанти, сите специјалисти од различни области, кои се обучени во најсовремените центри за третман на домашни миленици.

Во делот на болничко лекување, има посебен дел предвиден за сместување и терапија на животните, просторија за вештачко оплодување на животни со рана дијагностика на гравидитет како и капацитети за дијагностика на малигни заболувања и хируршки интервенции.

- Сопствениците на домашните миленици, ќе добиваат совети и упатства за нивна нега и исхрана, превентивни вакцинации, контрола на паразити и најважно од се згрижување на итните и критичните случаи.

Со ова, Факултет за ветеринарна медицина – Скопје значително го зголеми ветеринарно-здравствениот капацитет во нашата држава а Универзитетската ветеринарна болница со своите капацитети, опрема и професионален кадар се потврдува како лидер во ветеринарната медицина со примена на модерна дијагностика, превентива и лекување на домашните миленици, потенцираше деканот Пендовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања