Во Скопје продолжуваат субвенциите за чистење на оџаци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
odzak-zapalen

 Градот Скопје и во 2020 година продолжува со доделување субвенции за чистење на оџаците, со цел намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

— реклама —

Со Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти  на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2020 година, предвидени се субвенции во нето износ најмногу до 1.200 денари Скопје.

— реклама —

До овој момент до Градот Скопје се пристигнати 34 барања за субвенции, а со јавниот повик ќе бидат опфатени исчистените оџаци од 01.01.2020 година, a Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2020 година.

— реклама —

Целта на овој проект што Град Скопје го реализира континурано е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците. Мерката има цел да постигне краткорочни и некои подолгорочни ефекти, како што се постигнување на подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, појава на саѓи и трошоците за затоплување, како и подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците.

За потсетување, Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 и 2019 година, кога беа доделени вкупно 634 субвенции.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2a51rmq3iie0bXjOAUc

(Видео) Прошетка покрај Вардар, чист град и нови ветувања: Луна Паркот конечно добива зелено светло, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 2 месеци

skopje-kaj-mnt

(Видео) Прости ни Скопје: „Нашиот Петре, а околу него, мизерија“

Скопје | пред 11 месец

danela-arsovska-1

Арсовска бара 11 милиони за ПР услуги, тврди партијата која ја донесе на власт

Скопје | пред 3 години

pat-ilindeneska-2-1

Скопје и утре ќе е хаотично, блокирани ќе се булевари

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања