Во Скопје за 24 часа: Полицијата исклучи 19 возачи без положен возачки испит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
policija

Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно 10 сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во пет била причинета материјална штета.

— реклама —

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 35 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување,  еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач за не носење заштитен шлем, шест возачи за не  користење сигурносен појас и 15 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени 19 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест возачи почетници, како и 22 нерегистрирани возила.

— реклама —

Санкциониран е и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 100 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 66 возила.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања