„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Во Собранието почнува втората фаза од уставните измени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Денес започнува седницата во Собранието на која ќе се расправа за нацрт уставните амандмани.

— реклама —

Џафери очекува оваа фаза од измените на Уставот да финишира околу 18 декември, по што би се почнало со третата и последна фаза.

За да се премине на третата фаза потребени се гласовите на 61 пратеник. По ова гласање предвидено е Владата како предлагач на уставните измени треба да организира јавна расправа во траење од пет дена. Потоа, Владата има рок од два дена да испрати извештај до Собранието, по истекот на овој рок собранискиот спикер има рок од 30 дена да ја закаже седницата за конечно носење на амандманите за што ќе бидат потребни гласовите од 80 пратеници односно двотретинско мнозинство.

— реклама —

Очекувањата се дека оваа седница би се одржала кон средината на јануари кога би финиширал процесот на уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа за промена на името со Република Грција.

Во првата фаза од уставните измени двотретинското мнозинство го обезбедија гласовите на осуммина пратеници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, кои потоа беа исклучени од партија. Тројца од пратениците кои гласаа се обвинети за настаните во Собранието од 27-ми април, додека другите пратеници или нивни роднини се  под обвиненија од Специјалното јавно обвинителство. Подоцна, пратениците формираа независна пратеничка група чиј координатор е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања