Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Во сообраќајката кај касарна „Илинден“ загинле полковник Стефан Ивановски и Ана Нешковска од Министерството за одбрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
gas

Полковникот Стефан Ивановски, кој е поранешен припадник и командант на ЕСН Волци и Ана Нешковска која била негова сопатничка, а работела во Министерството за одбрана - се загинатите во сообраќајната несреќа кај касарна „Илинден“. Припадниците на безбедносните сили во неверување, се простија од двајцата.

— реклама —

Меѓу другите, емотивен статус објави и ексминистерката за одбрана, Славјанка Петровска.

— реклама —

[caption id="attachment_329314" align="alignnone" width="1374"] Screenshot[/caption]

— реклама —

„Не сакав да поверувам во лошата вест, не сакав да прифатам дека вие двајца сте загинатите во сообраќајната несреќа, не сакав да прифатам дека туѓа неспособност и негрижа прекинаа два живота. Стефан Ивановски, го запознав како скромен, но исклучително способен офицер, посветен командант на армиските Волци, кој живееше за државата, Армијата и неговото семејство. Го гледав како еден од идните столбови на Генералштабот. Ана Нешовска, работлива, кротка, но полна со енергија и желба да го промени светот, за неа не постоеше ништо невозможно…Ја гледав како првата жена раководител на военото разузнавање“, напиша Петровска и додаде:

„Вашето несреќно заминување не скрши сите, изгубивме многу, Министерството и Армијата изгубија многу, но за жал најголема загуба за вашите прекрасни семејства. Нема зборови на утеха, има само зборови за сочувство во оваа огромна тага. Почивајте во мир“.

Претходно:

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-40-8410PM

За вчерашната несреќа кај касарна „Илинден“: загина жена на 32 години и маж на 47 години од Скопје

На 23.05.2025 во 18.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ и бул.„8 Септември“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(47) од Скопје, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.„Од здобиените повреди, возачот и неговата сопатничка А.Н.(32) од Скопје починале на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата“, велат од МВР.Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се предадени во Судска медицина на обдукција.

Македонија | пред 8 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања