ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Во Србија рекордни 5,98 милијарди, а Македонија само 184 милиони долари странски инвестиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
report-cover-2019-960x678

Регионот од Западен Балкан привлече 9,36 милијарди американски долари,  странски гринфилд инвестиции во  во 2018 година, што е највисок износ во последните десет години, пишува пишува fDi Intelligence, специјализираниот сервис на Financial Times, пренесува Pressingtv.

— реклама —

Србија, е лидер во регионот во 2018 година со рекордни 5,98 милијарди долари инвестирани во 105 гринфилд проекти, БИХ има 4 гринфилд проекти, а Црна Гора 11 гринфилд проекти.

Според најновите годишни податоци за fDi Markets од јуни 2018 до мај 2019 година, Северна Македонија привлече 184, 4 милиони американски долари, а  Албанија  привлече  809,9 милиони американски долари – гринфилд инвестиции. Македонија има раст за 200 % во однос на истиот период претходната година, а Албанија раст за 80%, се вели во Извештајот.

— реклама —

Земјите од Западен Балкан привлекуваат значително помалку гринфилд  проекти од нивните колеги во централна, источна и западна Европа, но регионот функционира многу добро во однос на својот удел во глобалниот БДП.

Позитивните неодамнешни случувања вклучуваат и промена на името во Северна Македонија под владата на Зоран Заев, која го реши 28-годишен спор со Грција, судските реформи во Албанија и структурните реформи во Србија.

Но, и покрај овие напори, членството во ЕУ за земјите од Западен Балкан се чини малку веројатно во блиска иднина поради недостиг на едногласност меѓу земјите-членки на ЕУ во врска со разговорите за пристапување со земјите-кандидатки, а Босна и Херцеговина и Косово сеуште немаат статус на кандидат. Сепак, континуираните реформски напори и соработка се чини дека испраќаат добри сигнали до странските инвеститори кои бараат да профитираат од најнепокриениот инвестициски регион во Европа, се заклучува на крај во Извештајот во однос на странските инвестиции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања