Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Во Србија вакцината „АстраЗенека“ ја примиле околу 15.000 македонски државјани, Лончар вели за ревакцина можеме да ви ја дадеме таа количина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
gragani-vakcinacija-s1

Околу 15.000 македонски државјани се вакцинирани во Србија, кажа денеска српскиот министер за здравство Златибор Лончар по средбата со министерот Венко Филипче во Белград. За нивната ревакцинација Лончар кажа дека ќе се направи договор со македонското Министерство за здравство и можно е тие да ја добијат втората доза во земјава, објави СДК.МК.

— реклама —

Македонските граѓани во Србија во најголем број се вакцинирани во „АстраЗенека“ која во Македонија не се дава на лица под 60 години. На новинарско прашање каде овие лица ќе се ревакцинираат со оглед на одлуката на македонските здравствени власти, Лончар кажа дека можноста тоа да се направи во Србија е најмалку што можат да направат.

„На граѓаните кои што примија прва доза од вакцина против ковид-19 во Србија она што најмалку можеме да направиме е да им обезбедиме ревакцинација тука. Тоа е наш принцип, но секогаш може да се договориме, бидејќи имаме евиденција на тие граѓани. Ако се договориме и на тој начин е полесно, тие дози може да ги отстапиме на Северна Македонија и таму да се организира вакцинирањето. Тоа дополнително ќе го договориме, има уште 12 недели до ревакцинација“, рече Лончар.

— реклама —

Министерот Филипче денеска во Белград имаше средба со институтот „Торлак“ каде се произведува руската „спутник“.

„Ние за оваа година го имаме обезбедено и нарачано потребно количество вакцини. Но, со оглед на тоа што многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане сезонска, во иднина институтот ‘Торлак’ ќе биде првото место каде што ќе се обратиме за набавка на вакцини“, кажа Филипче.

извор: СДК.МК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања