Семејство од Украина е сместено во домот на познатиот струшки активист Алберт Хани во Струга.
Локалните медиуми пишуваат дека тој им ги отворил вратите и ги угостил во својот дом.
Руската инвазија на Украина предизвика милиони Украинци да ги напуштат своите домови, главно жени, постари лица и деца. Повеќето од нив заминале во соседните земји како Полска, Молдавија и Романија, но има значителен број што пребегнале во други европски земји, но и на Балканот, пишува VOX Струга.