Промени тема
Контакт

Во текот на целиот период на пандемијата власта се однесува неодговорно, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_0038

Огромниот број на смртни случаи од КОВИД одат на совеста на неспособната влада на СДСМ и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Само во текот на вчерашниот ден како последица од КОВИД заболување животот го загубиле 26 лица.

— реклама —

Над 8.000 луѓе, колку што жители има едно Крушево, Берово или Кратово починале откако почна пандемијата.

Власта прво не набави вакцини, туку бркаше провизии, и половина година народот немаше каде да се вакцинира па одеше во земјите од соседството.

— реклама —

Откако се набавија вакцини продолжи негрижата преку монтирање на картонски болници, од кои една изгоре и одзема живот на 14 наши сограѓани, случај за кој до денес нема одговорност.

— реклама —

Во текот на целиот период на пандемијата власта се однесува неодговорно. Неодговорна е и сега кога учениците наместо со онлајн настава, ги тера на настава со физичко присуство“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања