Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Во текот на денот ново силно невреме ќе ја зафати Македонија

објавено пред 2 години -

Македонија
0394F1D7-0FF8-4E81-BB36-671698CD60AE

Под влијание на ладен атмосферски фронт од север, кој ќе се судри со топлиот воздух од југ кој се наоѓа над Македонија, во следните часови, како и вечерва во најголем дел од државава времето ќе биде многу нестабилно и со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

— реклама —

На повеќе места повторно ќе има појава на силно невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време и истиот би можел да предизвика локални поројни поплавувања, силен ветер (над 70 км/час) силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде и крупен.

— реклама —

И во Скопскиот регион во следните часови и вечерва ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има и појава на ново посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде и крупен.

— реклама —

Апелираме во случај на појава на силно невреме граѓаните да бидат крајно внимателно, односно во случај на појава на силни и чести електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер и на крупен град автомобилите да се заштитат.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопје до околу 35 степени. Меѓутоа температурите од попладневните и вечерните часови ќе започнат да опаѓаат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 година

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 година

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 година

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања