Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Во времето кога Мицкоски беше советник и директор цената на струјата поевтини, додека со СДСМ досега поскапи за 32%, посочува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-956

„Денес повторно СДСМ продолжува со невистини и лаги да обвинува во режимски стил, дека Мицкоски ја покачил цената на струјата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

— реклама —

„А сега малку за вистината:

⁃ Христијан Мицкоски е именуван за советник на тогашниот премиер Никола Груевски, Април/2015 година (слика 1). Цената на струјата за граѓаните беше 4,47 ден/kwh (слика 2).

⁃ Христијан Мицкоски именуван за генерален директор на ЕЛЕМ со одлука на влада, Септември/ 2016 година.

— реклама —

⁃ Разрешен од генерален директор на влада, Август/2017 година. Цената на струјата за граѓаните беше 4,45 ден/kwh (слика 3).

⁃ Цената на струјата за граѓаните согласно одлуката на регулаторна комисија за енергетика од 31/Декември/2021 година е 5,87 ден/kwh (слика 4).

— реклама —

ЗАКЛУЧОК: Откако Мицкоски е именуван за советник во Април/2015 година, до неговото разрешување како генерален директор на ЕЛЕМ во Август/2017 година, струјата за граѓаните поефтинува од 4,47 ден/kwh на 4,45 ден/kwh или околу 0,5%, а денес граѓаните плаќаат 5,87 ден/kwh или за околу 32% поскапа струја од времето кога Мицкоски беше разрешен од местото генерален директор на ЕЛЕМ.

СДСМ мислат дека со методот, 100 пати повторена лага станува вистина, ќе го потценуваат народот дека има кратко помнење и така ќе ги сокријат криминалот и неспособноста.

Зошто ли вака владеачката партија безочно лаже? Одговорот е едноставен. За да создадат димна завеса и не се збори за актуелното покачување на цената на струјата кое е над 15 проценти, плус последното зголемување на цената на струјата што се случи нешто повеќе од пред една година.

— реклама —

На крајот кој за што се залага ќе се види следниот први во месецот кога граѓаните, над 2 милиони граѓани во своите домови ќе добијат покачена сметка за струја, како и огромен број на семејства покачена сметка за парното греење. И секој еден граѓанин треба да знае дека повисоката сметка за струја е само затоа што структурите на власта печеалеа криминално на грбот на народот кој сега треба да го плати цехот. А притоа никој од оние министри кои постојано говорат за наводна поддршка на владата, никој од нив не говори за инфлацијата, повисоките цени во маркетите, а ниските плати... со вакви економски резултати, тешко на напатениот народ кој едвај крпи до први во месецот.

П.С. И денес половина главен град нема парно греење“, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања