Промени тема
Контакт

Во земјава се трага по над 60 исчезнати лица!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
izceznati

Поминаа четириесет дена, а од мојот син нема никаков глас. Каде е и како не може да се најде во мала земја како Македонија, каде сите меѓусебно се знаат, зарем никој никаде го нема забележано? – прашува демиркапијката Снежана Лазаревиќ, чиј син Илија (30) е исчезнат од седми април, објави Фокус.мк.

Во телефонски разговор за „Фокус” очајната мајка вели дека според информација од полицијата, неговиот телефон последен пат бил лоциран еден ден по исчезнувањето, односно на осми април, во близина на тунелите кај Демир Капија.

— реклама —

На страницата за исчезнати лица на МВР, се објавени околу 60 фотографии и податоци за исчезнати граѓани по кои се трага. Помеѓу нив е и Илија, но и 29-годишниот Љумани Исљам од Ресен, по кого се трага од 23-ти март годинава. Како нем потсетник за нерешената мистерија стои и фотографијата на Марија Брзакова од село Босилово, која исчезна на свои 28 години, на 18-ти јануари минатата година.

Голем дел од исчезнатите лица се на возраст од 30 до 40 години, или пак биле на таа возраст кога им се изгубил траг. Некои се исчезнати пред повеќе од десет години.

— реклама —

Текстот во целост на: Фокус.мк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања