Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 51 минута -

Македонија
media-libraryvg4j3c838atg6nWfy0e

Судири меѓу владици, обвинувања за политички влијанија, спорни изјави за жените и прашања за црковните пари, томосот од СПЦ и односот со Цариградската патријаршија. Кој носи одлуки во МПЦ–ОА, кој ги преиспитува и кој одговара пред верниците? Владиката Петар вечерва, 25 ноември, гостува во „Претрес со Ландов“. ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО:

— реклама —

Ако српскиот томос го реши прашањето за автокефалноста, што остана отворено со Цариград? Зошто не се одржала најавуваната средба со Вартоломеј и како Петар и Оливер Андонов стигнаа до спротивставени верзии за нејзиното организирање? Разговорот ќе ги опфати односите со Белград, Цариград и Москва, како и несогласувањата за името на Црквата, дијаспората и Православната црква на Украина.

Петар ќе биде прашан за јавните судири со други владици, обвинувањата кон Партениј и квалификациите за неговите поддржувачи. Кој црковен орган утврдил дека Бигорски е „парацрква“ и како ваквите јавни пресметки се усогласуваат со пораките за братство, мир и разбирање?

— реклама —

На маса ќе бидат и политичките пораки од црковните настапи, неговите тврдења за притисок од власта при изборот на епископот Јаков и поранешната јавна поддршка за Љупчо Палевски кој сега е осуден за двојно убиство меѓу кои и на Вања Ѓорчевска.

Посебен дел од разговорот ќе биде посветен на изјавите за жените, разводите и самохраните мајки. Каде е одговорноста на таткото што го напушта семејството, што ѝ порачува Црквата на жена што трпи насилство и дали Петар би им се извинил на жените повредени од неговите зборови?

— реклама —

Ќе се разговара и за црковните имоти, тарифите за верски обреди, грижата за храмовите и помошта за граѓаните. Како се определуваат приоритетите и колку верниците знаат за трошењето на црковните средства?

Во финансискиот дел ќе бидат отворени долгогодишните судски спорови во Австралија, трошоците за адвокати и состојбата во која Петар го предал управувањето со тамошната епархија. Следуваат и прашања за финансирањето на ВИСТЕЛ, работењето на „Преобразба“ и границата меѓу неговите лични деловни активности и црковните финансии.

— реклама —

Владиката Петар ќе биде прашан и за објавите за наводна одлука за негово расчинување и за наводното безбедносно досие „Расипник“ — што од тие тврдења оспорува и со какви документи располага.

„Претрес“ со прашања за одлуките, парите и јавниот збор на владиката Петар — и за одговорноста пред луѓето што ѝ веруваат на Црквата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryh12ohl8j9blv2HtgtQe

(🔴ВО ЖИВО) Владиката Петар за бркањето на верникот од црквата: Тој е неурамнотежена личност, дојде исклучиво за да провоцира

Студио | пред 18 минути

— реклама —
media-librarymgbcf105hck9diO9q8K

Вечерва нема вонредно издание на „Претрес“: Полицаецот од Охрид не одговори на поканата и по статусот на Фејсбук

Македонија | пред 2 дена

media-libraryecn330qpus1ec5fRwgT

(Видео) Хематом околу окото и главоболка и по два дена: Што пишува во лекарските извештаи на натепаниот охриѓанец

Македонија | пред 3 дена

media-libraryiai8ju817v5e212pM2B

(Видео) За претепаниот малолетник во Охрид е поднесена пријава од МВР против двајца охридски полицајци и ќе бидат суспендирани

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања