Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Хематом околу окото и главоболка и по два дена: Што пишува во лекарските извештаи на натепаниот охриѓанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 22 минути -

Македонија
media-libraryecn330qpus1ec5fRwgT
Лево: Горан Николоски/принтскрин Претрес - десно:Дарко Николоски/слика доставена од Горан

Хематом околу левото око, болка при допир и главоболка што траела и два дена по настанот пред ноќниот клуб во Охрид се забележани во трауматолошкиот извештај за 19-годишниот Дарко Николоски. Документот од „Свети Еразмо“, со датум 3 ноември, е дел од медицинската документација прикажана во „Претрес со Ландов“.

Во невролошкиот извештај од Општата болница во Охрид е наведено дека Дарко дошол на специјалистички преглед приближно еден до еден и пол час по физичкиот напад што го опишал. При прегледот бил самостојно подвижен, свесен и ориентиран и можел да раскаже што се случило.

— реклама —

Во анамнезата е запишано дека Дарко ги опишал лицата што го нападнале како униформирани полициски службеници. Според исказот што го дал на лекар, тие го извеле од ноќниот клуб на паркингот зад објектот и го удирале со тупаници и клоци по главата и телото. Навел дека при ударите во главата почувствувал поматување на свеста, изгубил рамнотежа и паднал. Додека лежел на земја, според неговиот исказ, му вршеле притисок во пределот на вратот, при што почувствувал задушување и не можел нормално да дише.

Дарко на прегледот навел дека по настанот повраќал повеќепати, имал главоболка и болки во лицето и телото. Рекол и дека видот му се заматил и дека тегобата била присутна и во моментот на прегледот.

— реклама —

На трауматолошкиот преглед на 3 ноември, лекарот забележал хематом околу левото око во повлекување и болка при допир на левата страна на челото. Дарко се пожалил дека главоболката сè уште трае и дека има чувство на нишање, гадење и проблеми со сонот. Во извештајот е препорачан преглед кај неврохирург за да се процени дали е потребна компјутерска томографија.

Горан Николоски во „Претрес“ тврдеше дека неговиот брат бил тепан од полициски службеници на 1 ноември. Божидар Димитриевиќ, еден од службениците што Горан ги посочи во емисијата, јавно ги оспори обвинувањата.

— реклама —

МВР потврди дека на 1 ноември полицијата го проверила идентитетот на Дарко при акциска контрола во центарот на Охрид. Во одговорот за „Претрес“, Министерството соопшти дека во евиденцијата на СВР Охрид нема пријава за физички напад под наведените околности, ниту евидентирано пријавување од здравствена установа за прием на лице со повреди поврзани со таков настан. Од МВР наведоа дека ги проверуваат објавените информации и видеоснимката.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Претрес“ потврдија дека примиле пријава и дека се проверуваат наводите и нивната основаност.

— реклама —

Целиот разговор со Горан Николоски и документацијата прикажана во емисијата погледнете ги во „Претрес со Ландов“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryiai8ju817v5e212pM2B

(Видео) За претепаниот малолетник во Охрид е поднесена пријава од МВР против двајца охридски полицајци и ќе бидат суспендирани

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryckf6ndulokpi7gVW8nI

Ново сослушување за автомобилот на полицаецот Божидар по „Претрес“: МВР повикало уште едно лице во станица откако поднесе кривична пријава

Македонија | пред 2 дена

media-libraryg5bo4patqui11jqwImn

(Видео) МВР отвори случај: се проверува како постапувале охридските полицајци вечерта кога бил натепан охриѓанецот

Македонија | пред 2 дена

media-libraryh009d9eev3go4evpnk9

(Видео) Објавена снимката од видео-надзор за која се тврди дека регистрирала како охриѓанец бил натепан од полицаец пред клуб, по претходни недоразбирања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања