Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ново сослушување за автомобилот на полицаецот Божидар по „Претрес“: МВР повикало уште едно лице во станица откако поднесе кривична пријава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 51 минута -

Македонија
media-libraryckf6ndulokpi7gVW8nI

Уште едно лице денеска било повикано на службен разговор во СВР Охрид во врска со оштетувањето на автомобилот „шкода“ на полицискиот службеник Божидар Димитриевиќ. Информацијата за „Скопје1“ ја потврдија од Министерството за внатрешни работи, од каде што посочуваат дека за истиот настан уште на 6 октомври била поднесена пријава против едно лице, а тоа 19-годишниот Дарко Николоски, кој почетокот на ноември тврди дека бил наптепан од полицајци, меѓу кои и Божидар Димитриевиќ пред клуб во Охрид. Новата активност за овој предмет следува откако Горан Николоски излезе во „Претрес“ и јавно соопшти како неговиот брат бил претепан пред ноќен клуб, споменувајќи дека меѓу сторителите е и овој службеник.

„Во врска со пријавениот настан од 05.10.2026 година, за оштетување на патничко моторно возило „Шкода“ на подрачјето на Охрид, ве информираме дека на 06.10.2026 година е поднесена пријава против едно лице.Дополнително, по преземени мерки и активности, денеска (19.11.2026) во СВР Охрид на службен разговор е повикано уште едно лице“, велат од МВР за „Скопје1“.

Министерството не прецизира во кое својство е повикано на службен разговор. Не е соопштено дали лицето е осомничено, сведок или располага со информации што би можеле да придонесат за расветлување на случајот.

— реклама —

Според претходно објавените информации од МВР, против Дарко Николоски на 6 октомври била поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста и оштетување туѓи предмети. Во одделен настан, на 31 октомври било пријавено повторно оштетување на возилото, за кое сторителот не бил утврден. Новиот одговор на МВР се однесува на настанот од 5 октомври.

Оштетувањето на автомобилот на Димитриевиќ беше една од централните теми во сведоштвото на Горан Николоски, емитувано во „Претрес со Ландов“. Тој тврдеше дека неговиот брат не го сторил ова и дека поседуваат снимки кои потврдуваат каде бил Дарко во моментите, кога според пријавата, се случило оштетувањето. Потоа, Николоски посочи дека полициски службеници на 1 ноември го извеле неговиот брат од ноќен клуб во Охрид и му се заканиле токму поради претходниот случај со возилото.

— реклама —

„Го извадиле надвор по скали. Му рекле сега ќе видиш надвор убаво за колата што ќе ти се деси“, раскажа Николоски.

Според неговото сведоштво, по излегувањето од клубот, Дарко бил одведен кон дел од паркингот каде што полицајците, како што тврди, сметале дека нема надзорни камери. Таму, според обвинувањата на семејството, бил физички нападнат од повеќе полициски службеници.

„Ништо директно почнуваат само да го тепаат, го туркаат за да ојде понатре во паркингот кај што се сигурни дека нема никој и почнуваат да го тепаат со пендрак“, изјави Николоски.

— реклама —

Тој раскажа дека го слушнал брат му како вика „Немојте!“, по што се стрчал кон него и го затекнал повреден. Според неговите зборови, полициските службеници негирале дека употребиле сила и му кажале дека Дарко паднал и се лизнал.

Горан Николоски тврдеше дека неговиот брат не бил приведен, туку бил пуштен да си замине, додека тој самиот завршил во полициска станица поради нарушување на јавниот ред и мир, откако гласно реагирал на случувањата.

— реклама —

Во емисијата беа прикажани и снимки од надзорни камери, а Николоски посочи петмина полициски службеници за кои тврдеше дека биле присутни при настанот.

Гледајте овде:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg5bo4patqui11jqwImn

(Видео) МВР отвори случај: се проверува како постапувале охридските полицајци вечерта кога бил натепан охриѓанецот

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryh009d9eev3go4evpnk9

(Видео) Објавена снимката од видео-надзор за која се тврди дека регистрирала како охриѓанец бил натепан од полицаец пред клуб, по претходни недоразбирања

Македонија | пред 5 часа

media-librarytdm0ked76j3h6wHEJlC

По најавите за пријави, Ландов со јавна покана до полицаецот: Во понеделник во живо, соочување со братот на тепаниот, охрабрувам да поднесете пријава

Македонија | пред 21 час

media-libraryh009d9eev3go4evpnk9

(Видео) Полицаецот од Охрид негира дека го тепал охриѓанецот, снимките вика дека се манипулирани ChatGpt: Дарко ми се закануваше на Инстаграм

Коментари | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања