Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Објавена снимката од видео-надзор за која се тврди дека регистрирала како охриѓанец бил натепан од полицаец пред клуб, по претходни недоразбирања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 минута -

Македонија
media-libraryh009d9eev3go4evpnk9

„Брат ми е истепан и пуштен со надеж тие дека нема камери на паркингот“.

Вака Горан Николоски во „Претрес со Ландов“ го опиша настанот од 1 ноември во Охрид, тврдејќи дека неговиот 19-годишен брат Дарко бил физички нападнат од полициски службеници пред ноќен клуб, а потоа оставен да си замине повреден, без да биде повикана брза помош.

Николоски тврди дека полицајците го извеле неговиот брат од дискотеката, по што го однеле кон дел од паркингот каде што, според неговите тврдења, сметале дека нема надзорни камери и сведоци.

— реклама —

„Го извадиле надвор по скали. Му рекле сега ќе видиш надвор убаво за колата што ќе ти се деси“, изјави Николоски, поврзувајќи го инцидентот со претходниот случај во кој автомобил на полициски службеник бил оштетен со боја, а Дарко бил осомничен.

На прашањето што се случило откако го извеле надвор, Николоски одговори:

„Ништо директно почнуваат само да го тепаат, го туркаат за да ојде понатре во паркингот кај што се сигурни дека нема никој и почнуваат да го тепаат со пендрак“.

Тој тврди дека во тие моменти и самиот излегувал од ноќниот клуб и го слушнал брат му како повикува за помош.

„Јас излегувам од дискотека, слегувам на паркинг просторот и го слушнав последниот крик од брат ми, кај што вика ‘Немојте!’ Ојдов со трчање таму и го прашав зошто го тепате, зошто е во крв брат ми?“, раскажа Николоски.

— реклама —

Според неговото сведоштво, Дарко му кажал дека бил претепан, додека полициските службеници негирале дека употребиле физичка сила.

„Ми одговорија не, не, не го тепавме, падна, се лизна“, рече Николоски.

Во разговорот, се отвори прашањето зошто, доколку станувало збор за пад, никој од присутните полициски службеници не повикал медицинска помош.

„Никој ништо не викна. Едноставно ме приведоа мене и настанот заврши. Брат ми си ојде на болница“, одговори Николоски.

— реклама —

Тој тврди дека бил приведен поради нарушување на јавниот ред и мир, откако почнал да вика и да бара објаснување за повредите на брат му.

„Пошто сум викал“, рече Николоски, објаснувајќи ја причината што му била наведена за приведувањето.

Ландов дополнително побара појаснување дали Дарко бил уапсен по полициската интервенција.

„Не, брат ми воопшто не е уапсен. Брат ми е истепан и пуштен со надеж тие дека нема камери на паркингот и е пуштен“, одговори Николоски.

По емитувањето на емисијата, јавно реагираше и полицискиот службеник Божидар Димитриевиќ, кој беше посочен во сведоштвото. Тој ги оспори обвинувањата изнесени во „Претрес“ и најави можност за поднесување пријави против Николоски и водителот.

— реклама —

Ландов, пак, јавно го охрабри полицискиот службеник да поднесе каква било пријава доколку смета дека има основ, но истовремено го покани да гостува во „Претрес“ во понеделник во 21 часот, во живо. Најави дека во вториот дел од емисијата ќе биде поканет и Горан Николоски, за двете страни директно да се соочат пред камери.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кажаа дека ја примиле пријавата против Димитриевиќ и дека се постапува. Од МВР засега нема став по објавата на снимката, која полицаецот ја оспори и кажа дека е манипулирана со „Четгпт“.

Целото случување, сите детали гледајте ги во Претрес:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytdm0ked76j3h6wHEJlC

По најавите за пријави, Ландов со јавна покана до полицаецот: Во понеделник во живо, соочување со братот на тепаниот, охрабрувам да поднесете пријава

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryh009d9eev3go4evpnk9

(Видео) Полицаецот од Охрид негира дека го тепал охриѓанецот, снимките вика дека се манипулирани ChatGpt: Дарко ми се закануваше на Инстаграм

Коментари | пред 17 часа

media-librarypv9j3nrpc0ns3G86KsX

(Видео) Отишла да пријави полицајци кои и го натепале синот, а таму и кажале дека така го „превоспитале“, сведочи мајка од Охрид

Македонија | пред 17 часа

media-libraryiai8ju817v5e212pM2B

(Видео) „Го газеле по телото и главата, изгубил и свест“, потресно сведоштво на мајка од Охрид за полициска бруталност

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања