„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(🔴 ВО ЖИВО) Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Студио
media-libraryeq85pr9higp630VixfR

Вечерва во „Претрес“ отвораме фронт со еден од најекспонираните министри во Владата на Христијан Мицкоски. Ќе зборуваме за сè она што досега остана премолчено.

— реклама —

Ќе зборуваме и за политичката реалност: ќе го враќаат ли Груевски како „слободен човек“, дали мигрантите се новиот адут во преговори со Британија и дали навистина сите странски медиуми лажат, а само Владата ја зборува вистината.

И доаѓаме до најнезгодниот дел. Андоновски ќе треба да објасни како е да се биде „млад кадар“ кога партијата ти е патот на врвот во државата: татко советник на премиерот, брат во тајна служба, самиот министер со стипендија во време на ВМРО-ДПМНЕ. Непотизам или случајни поклопувања?

— реклама —

На маса ги ставаме и тендерите доделени на родители и сопружници на вработени, договорите што тој лично ги потпишал и ветувањата за нула корупција кои веќе звучат како иронија.

Колку „фала“ должи на партијата што го подигна? Дали знае нешто повеќе од да притисне „Enter“? И најважно – дали е задоволен од себе како министер во држава што се уште чека дигитална трансформација… на хартија?

ВО ЖИВО:

4AU6H_PQ96M

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања