Денеска во Скопје се одржува првата Парада на гордоста за поддршка на припадниците на ЛГБТИ-заедницата и еднакви права на сите луѓе. Настанот е со цел да се сврти вниманието на јавноста за нееднаквоста во која живеат припадниците на ЛГБТИ-заедницата. Меѓу присутните има пратеници, јавни личности, како и борците за човекови права.
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/375237569802811/
Парадата ќе почне од паркот „Жена Борец“ во 11 часот, за еден часа подоцна групата ќе се упати кон Градски парк како крајна дестинација. Домаќините посочуваат дека од 13 часот до 13.30 часот се планирани обраќања на активисти и на претставници на невладини организации и институции, а од 14 часот до 16.30 часот и богата музичка програма.