Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Водач на култ во Кенија осуден на 200 години затвор за смртта на 191 лице, меѓу кои 190 деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 20 минути -

Свет
media-librarylo6mbq3msm8k0t955k0

Водачот на верски култ во Кенија, Пол Мекензи, е осуден на 200 години затвор поради смртта на 191 лице, од кои 190 биле деца. Жртвите починале како последица на систематско малтретирање и изгладнување, спроведувани во рамките на верски обреди, објави Си-Ен-Ен.

— реклама —

Мекензи, основач на црквата „Гуд њуз интернешнл“, ја добил казната во Високиот суд во Момбаса, заедно со повеќе од 20 сообвинети. Казната е поделена на два дела – 100 години затвор за смртните случаи предизвикани со изгладнување и уште 100 години за жртвите убиени со непосредно насилство.

Судењето открило дека Мекензи ги убедувал своите следбеници да ги напуштат домовите и да се преселат во оддалечената шума Шакахола, во источна Кенија. Им ветувал дека постењето ќе ги приближи до Бога и ќе ги подготви за заминување во рајот. Неговото учење се засновало на верувања за крајот на светот, кој, според него, требало да настапи во август 2023 година.

— реклама —

Следбениците добиле наредба да гладуваат за да го „сретнат Исус“. Според планот, најпрво требало да умрат децата, потоа младите и жените, додека мажите требало да останат живи доволно долго за да ги погребаат телата, пред и самите да починат.

— реклама —

Судот утврдил дека верските учења биле користени како средство за присила. Чувари го контролирале движењето на членовите на култот и ги спречувале да ја напуштат шумата. Оние што се противеле биле физички принудувани на послушност, а децата биле врзувани, оставани без храна и казнувани доколку се обиделе да јадат или да избегаат.

Мекензи минатиот месец беше прогласен за виновен за убиство. Судијката Дајана Каведза во образложението навела дека тој преку проповеди и пишани материјали ги убедувал следбениците дека надворешниот свет е зол и дека спасот можат да го најдат единствено во изолацијата во шумата.

— реклама —

Меѓу клучните докази биле пораките од неговиот телефон и разговорите на Ватсап, кои покажале дека бил во постојана комуникација со следбениците и пред нивното преселување во Шакахола, како и дека непосредно ги насочувал нивните постапки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7310shcfpu7n7Qh1yj5

(Видео) Се урна зграда во Кенија, спасувачите трагаат по затрупани луѓе

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
helikopter

Туристички хеликоптер во Кенија се урна, нема преживеани

Свет | пред 2 месеци

media-librarybhu9bj0ib9vf2VaR9RJ

Лажен адвокат добил 26 случаи без лиценца, кога го уапсиле, се бранел сам на суд и повторно победил

Вирално | пред 2 месеци

media-libraryrms82luqhn9m6Gx3yk6

Трагедија во национален парк во Кенија: 16 слонови угинаа од цијанид

Трендови | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања