Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Водата во четири тетовски села не е безбедна за пиење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15
Photo by Swanky Fella on Unsplash

Водата за пиење во селата Порој, Џепчиште, Голема Речица и дел од Мала Речица кај Тетово не ги исполнува условите за безбедна употреба, соопшти тетовското јавно комунално претпријатие „Шар“.

— реклама —

Од претпријатието информираат дека по извршените анализи е утврдено отстапување во квалитетот на водата, поради што до жителите е упатена забрана за нејзино користење за пиење.

— реклама —

„Се информираат сите жители на селата Порој, Џепчиште, Голема Речица и Мала Речица, од гробиштата во Мала Речица до Голема Речица, дека по извршените анализи за квалитетот на водата е утврдено дека водата не ги исполнува условите за употреба како вода за пиење“, соопшти „Шар“.

Од ЈКП „Шар“ појаснуваат дека претпријатието не е надлежно за водоснабдувањето во овие населени места, бидејќи тие не се приклучени на градскиот водоснабдителен систем со кој управува претпријатието.

— реклама —

Сепак, поради важноста на состојбата и заштитата на јавното здравје, „Шар“ ги повикува жителите да ја почитуваат забраната и да не ја користат водата за пиење сè додека надлежните институции не излезат со ново известување и не се потврди дека водата е безбедна.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryolai1l68gcuidh98FJD

Фалсификувале договор за купопродажба и префрлиле стан на свое име – кривична за двајца тетовци

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryp2j390mlgjct3VZUKVN

(Видео) Момче на електричен тротинет ја закачило и оштетило рампата на влезот во тетовско училиште

Македонија | пред 1 седмица

media-library6vnneot6mh86coVxxZc

(Видео) По снимките што се шират на „Тикток“ од Тетово, полицијата објасни што се случило

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryru33gus5snuq208c5cg

19-годишник од Тетово загина во Италија, паднал од покрив висок околу седум метри

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања