Промени тема
Контакт

Водата во Гостивар може да се користи само за хигиена, не и за пиење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0
Илустрација

По десетдневната забрана, од денес водата од градскиот водовод во Гостивар може да се користи за одржување на личната хигиена и хигиената во домовите, но и понатаму не смее да се користи за пиење и подготовка на храна.

Надлежните информираат дека последните анализи покажале оти техничката вода е без присуство на колиформни бактерии. Сепак, засега нема информација кога водата ќе биде прогласена за безбедна за пиење, а контролите и анализите продолжуваат.

— реклама —

И покрај ова, на пунктовите за дистрибуција на вода и денес имаше редици граѓани кои чекаа флаширана вода. Дел од нив велат дека и понатаму нема да ја користат водата од чешмите поради страв за сопственото здравје.

— реклама —

Од Министерството за здравство соопштија дека во текот на вчерашниот ден биле прегледани 127 лица кои за првпат побарале лекарска помош поради симптоми на ентероколит.

— реклама —

До официјалната потврда дека водата е безбедна за пиење, жителите на Гостивар ќе продолжат да користат флаширана вода за пиење и подготовка на храна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 2 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања