Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Водата во Валандово повторно е безбедна за пиење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15
Photo by Swanky Fella on Unsplash

Граѓаните на Валандово од денеска повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, откако Агенцијата за храна и ветеринарство ја укина привремената забрана воведена поради зголемено присуство на арсен.

— реклама —

Одлуката е донесена по вонредната анализа на Институтот за јавно здравје, која покажала дека концентрацијата на арсен изнесува 1,47 микрограми на литар, што е значително под дозволената граница од 10 микрограми.

— реклама —

Градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев, соопшти дека не може со сигурност да се објасни разликата меѓу резултатите од двете анализи. Според него, можно е повисоката концентрација на арсен во претходниот примерок да била предизвикана од засилено пумпање на водата, при што дошло до придвижување на наталожени елементи во системот.

— реклама —

Тој најави дека во наредниот период ќе се вршат дополнителни вонредни анализи за континуирано следење на квалитетот на водата.

— реклама —

Препораката водата да се користи само како техничка беше во сила од 22 јули, откако анализите покажаа концентрација на арсен од 14 микрограми на литар. Камчев ги повика граѓаните да се информираат исклучиво преку официјалните анализи и информации од надлежните институции, а не од непроверени објави на социјалните мрежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl67klaqg5f99ag1MWw0

„Водовод“ најави прекин: Овие корисници денес ќе останат без вода

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Дел од Центар денес без вода, прекин и во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

Скопје | пред 3 дена

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Без вода дел од Центар и Гази Баба

Скопје | пред 4 дена

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Без вода дел од Центар: Проверете дали сте опфатени

Скопје | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања