Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Водител јавно и се извини на Адел, не го слушнал нејзиниот најнов албум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Screenshot-2021-11-28-201750

Австралискиот водител Мет Доран јавно и се извини на Адел што не го слушнал нејзиниот нов албум пред интервјуто, поради што таа демонстративно го прекина разговорот.

По двонеделната суспензија што ја доби водителот на утринската програма на австралиската телевизија Channel Seven, водителот јавно и се извини и призна дека го заслужил тоа што му се случило.

— реклама —

„Целиот свет ме исмејува, но да бидам искрен, го заслужив тоа. Направив голема грешка. Интервјуто со Адел беше голема привилегија и успех во мојата кариера. Претпоставував дека не треба да го слушам албумот пред интервјуто затоа што разговорот требаше да се емитува пред неговото објавување. Не бев свесен дека добив целосна снимка од албумот во е-пошта. Го пропуштив најважниот мејл во мојот живот“, изјави Доран.

Интервјуто со Адел беше од големо значење за Channel Seven, за кој работи Доран, особено затоа што тоа требаше да биде единственото интервју што пејачката сакаше да им ја даде на австралиските медиуми.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања