Промени тема
Контакт

Воени вежби на само неколку километри од границата со Полска: Белорусија уверува дека нема причина за загриженост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-libraryr2v1d2kv2180bsuGwih
Фото: Министерство за одбрана Белорусија

Белорусија започна четиридневни воени вежби во близина на границите со Полска и Литванија, на кои учествуваат механизирани и тенковски единици. Според официјалните информации, војниците вежбаат заштита на границата, како и одбрана од напади со беспилотни летала и лесни авиони.

Дел од воените активности се одвиваат во близина на коридорот Сувалки, тесен копнен појас меѓу Полска и Литванија, кој НАТО го смета за стратешки значаен. Вежбите се одржуваат на полигонот Хожа, непосредно до литванската граница, како и на полигоните Бржески и Рожански, кои се оддалечени околу 15, односно 60 километри од полската граница.

— реклама —

Коридорот Сувалки е долг 104 километри и претставува единствена копнена врска меѓу балтичките држави и останатиот дел од НАТО. Во исто време, тој ја раздвојува Белорусија од руската ексклава Калининград, поради што се смета за едно од чувствителните подрачја за европската безбедност.

Белоруските власти уверуваат дека нема причина за загриженост и вежбите ги опишуваат како „исклучиво одбранбени“. Министерството за одбрана тврди дека бројот на учесници и количината на воена опрема не ги надминуваат ограничувањата утврдени со Виенскиот документ од 2011 година, поради што, како што наведуваат, немале обврска однапред да ги известат другите држави.

Точниот број на војници што учествуваат во вежбите не е јавно објавен.

— реклама —

Вежбите се дел од поширока проверка на борбената готовност на белоруските вооружени сили. Претседателот Александар Лукашенко на 11 септември го посетил полигонот Обуз-Лесновски кај Барановичи и изјавил дека сака да провери како функционира целиот сектор на националната безбедност.

Минск со години организира воени вежби во близина на границите на НАТО, а во нив во минатото често учествувале и руски сили. Во 2020 година кај Брест биле одржани маневрите „Словенско братство“, а една година подоцна и вежбата „Запад 21“.

— реклама —

Сепак, во услови на војната во Украина, актуелните активности имаат дополнително значење. Белорусија останува еден од најблиските сојузници на Русија. Во февруари 2022 година, властите во Минск им овозможиле на руските сили да ја користат белоруската инфраструктура и територија за започнување операции против Украина.

Белорусија не испратила сопствени војници во директни борби на украинска територија. Според Радио Слободна Европа, поради тоа Минск, според критериумите на меѓународното хуманитарно право, формално не се смета за страна во конфликтот.

И покрај тоа, обемот на логистичката и воената поддршка што Белорусија ѝ ја обезбедува на Русија продолжува да биде предмет на остри меѓународни критики.

Украинската гранична служба неодамна соопшти и дека руските сили користат комуникациски станици во Белорусија за пренос на сигнали со кои се управува со беспилотни летала што напаѓаат цели во западна Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryautrffkfh1jk9HrUoyS

Белорусија би можела да биде подготвена за војна напролет 2027: „Европа има уште девет месеци“

Свет | пред 2 часа

— реклама —
ukraina-pozarnikari

Киев предупредува: Белорусија би можела да влезе во војната против Украина

Свет | пред 4 месеци

media-librarypf4drgqr6bje8iDfAgW

(Видео) Туристка ја посети „најевтината земја“ во Европа: Оброкот го плати само 1 евро

Патувања | пред 5 месеци

media-libraryqc6b7uvp4oscdJ9VGIC

Белорусија со итен повик на воената резерва крај западната граница

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања