Промени тема
Контакт

Војна под земја: САД користат бомби за пробивање бункери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library0tv2sf09hclh73fKQOC
Foto: USAF

САД во нападите врз ирански позиции во близина на Ормускиот теснец користеле т.н. „bunker-buster“ бомби тешки околу 2.270 килограми – специјализирано оружје наменето за уништување длабоко закопани воени цели.

— реклама —

Иако од американската Централна команда (CENTCOM) не откриваат точен модел, во игра се две најверојатни варијанти: GBU-28 и поновата GBU-72 Advanced 5K Penetrator, при што аналитичарите сметаат дека најверојатно е употребена токму GBU-72.

Станува збор за високопрецизна бомба од типот JDAM, која се наведува кон целта преку сателитска (GPS) и инерцијална навигација. Нејзината клучна предност е способноста да пробие бетон, карпа и утврдени подземни структури пред да експлодира, што ја прави идеална за напади врз бункери, складишта и ракетни силоси.

— реклама —

GBU-72 е развиена со цел да ги неутрализира современите воени закани кои се кријат под земја, а може да се користи не само од стратешки бомбардери, туку и од борбени авиони како F-15E Strike Eagle, што овозможува поголема оперативна флексибилност.

— реклама —

Употребата на вакво оружје укажува дека Иран значаен дел од својата воена инфраструктура – особено ракетните системи и беспилотните летала – ги чува во длабоко утврдени и заштитени подземни објекти.

И покрај интензивните напади од САД и Израел, иранските сили и натаму демонстрираат способност за одговор, вклучително и користење балистички ракети со повеќекратни боеви глави, како и индиции за употреба на касетна муниција.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 4 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 17 часа

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 20 часа

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања