Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Војната против Иран ги чинела САД повеќе од 11 милијарди долари за само шест дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryl95j61423irb9qwf0sq

Војната против Иран ги чинела Соединетите Американски Држави повеќе од 11,3 милијарди долари (околу 9,8 милијарди евра) во првите шест дена од конфликтот, им било соопштено на сенаторите од Комитетот за вооружени сили на Сенатот од страна на претставници на американското Министерство за одбрана. Информацијата, повикувајќи се на три извори запознаени со затворениот брифинг одржан во вторникот, прв ја објави „Њујорк тајмс“.

— реклама —

Во споменатата сума, како што наведува весникот, не се вклучени бројни поврзани трошоци, како што се распоредувањето воена опрема и дополнителни сили пред почетокот на нападите. Поради тоа, пратениците очекуваат конечната бројка значително да се зголеми додека Пентагон ги пресметува сите трошоци од првата недела на воената операција против Иран.

— реклама —
— реклама —

Се очекува Белата куќа да побара дополнителни средства за финансирање на конфликтот, и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека САД располагаат со „практично неограничени резерви“ муниција од среден и поголем калибар.

Администрацијата на Трамп сè уште нема објавено официјална проценка за вкупната цена на конфликтот, а воедно испраќа и нејасни сигнали за неговото можно времетраење. Самиот Трамп вчера изјави дека САД победиле во војната, но додаде дека американските сили ќе останат во борба за да „ја довршат работата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Pentagon

Предупредување од САД: Граѓаните да обезбедат храна, вода и батерии за итни случаи

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп најавува решение, но преговорите со Канада бележат мал напредок

Свет | пред 2 часа

media-library5tq0pbo49a3v7KOZ0Ys

Третпат го гонат поранешниот шеф на ФБИ: „Би било смешно да не беше толку ужасна злоупотреба“

Свет | пред 1 ден

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Шестмина граѓани го тужат Трамп поради ограничувањата за медиумите во Белата куќа

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања