„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Војниците со децении на определено – Комисијата утврди индиректна дискриминација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
siljanovska-davkova-arm-1

Во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е донесено мислење со кое се утврдува постоење на индиректна дискриминација од страна на Министерството за одбрана кон професионалните војници во Армијата на Република Северна Македонија. Претставката до Комисијата ја поднел Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје, кој веќе подолго време алармира за неправдите што, како што велат, ги трпат нивните членови.

— реклама —

„Јас Александар Насковски како претседател на синдикатот и професионален војник поднесов претставка на 12.11.2024 година до КСЗД за утврдување на дисриминација, бидејќи Министерството за одбрана не им го трансформира работниот однос од определено на неопределено време на професионалните војници согласно член 46 од Законот за работни односи. Професионалните војници се единствените работници во државата што работат и по 25 години на определено време со продолжување на договори и по 7-8 пати во тој временски период и без можност на право од работен однос, пензионирање“, вели Насковски.

Синдикатот посочува дека со години наназад не се земаат предвид нивните барања и предлози, без разлика кој министер за одбрана бил на функција. Токму затоа, како што наведуваат, како еден од четирите синдикати кои функционираат во Армијата, тие остануваат доследни и истрајни во борбата за унапредување на работничките права и постигнување еднаков третман.

— реклама —

На 3 јуни 2025 година, Независниот синдикат на професионални војници до Собранието и до сите пратенички групи доставил предлог-закон за измена и дополнување на Законот за служба во Армијата. Со предложените измени, како што посочуваат, конечно би се решил долгогодишниот нерешен статус на професионалните војници, а истовремено би се постапило и согласно препораките од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Нивните очекувања се јасни – Министерството за одбрана да ги спроведе препораките на Комисијата, а пратениците да го поддржат предложениот закон со што, како што наведуваат, би се коригирала децениската неправда кон професионалните војници, а истовремено и би се направиле значајни заштеди во буџетот на министерството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања