Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

„Војводи“ против „Балисти“ – Инцидентите на пауза, омразата продолжува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
tetovski-balisti-porachuvaat-kje-gi-ubieme-srpskite-reprezentativci-za-direktno-mesto-na-ep-foto

Инцидентите помеѓу навивачките групи на Тетовските фудбалски клубови „Шкендија“ и „Тетекс“ – „Балисти“ и „Војводи“ престанаа, и од минатата недела до денес, не се регистрирани нови случаи. Сепак, омразата и нетрпеливоста помеѓу овие две навивачки групи продолжува и понатаму, и е далеку од надминување. По средбата со МВР, двете групи истапија со свои ставови за настанатата ситуација, пишува Цивил Медиа.

— реклама —

„Војводите“ реагираа први, со соопштение на нивната страница, и остри реакции кон порталите кои известиле дека „Војводите“ им пружиле рака на помирување на „Балистите“. Тие бараат од сите медиуми да го објават нивното соопштение во кое меѓу другото, се вели: „На некои порталите и медиуми како и претходниве денови така и вчера се раширија тешки дезинформации, невистини и поради таа причина сакаме да ве информираме дека ние како навивачка група ВОЈВОДИ, НЕ СМЕ поддале рака на навивачите на Шкендија за помирување и за смирување на целата ситуација.“ Како една од причините за непомирување со „Балистите“, навивачката група на Тетекс го наведува името на навивачката група на „Шкендија“ – „Балисти“ за кое велат дека е навредливо за секој Македонец, бидејќи е поврзано но нивната историја и поттикнува ораза и нетрпеливост.

„ Трета причина за која нема да подадеме рака е името на таа навивачка група кое треба да се забрани затоа што кога сме веќе кај поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост тоа нивно име поттикнува омраза и револт кај секој Македонец бидејќи имаат име поврзано со нашата историја, кое е не достојно и провокативно, а потоа и на секој нивни натпревар сме сведоци на понижување на македонскиот народ, македонското девојче и држава и како и во неделата така и секој друг натпревар се скандираа и вадат пароли за “Голема Албанија” за кои полицијата секогаш е слепа и глува и никогаш не интервенирала дури и во случаи и кога се палело македонското знаме.“- се вели во дел од соопштението на Војводите.

— реклама —

Од навивачката група на фудбалскиот клуб „Шкендија“, во изјава за ЦИВИЛ Медиа и Дрејт по инцидентите од минатата недела, велат дека немаат намера да се занимаваат со нив. Сепак, водачот на навивачката група, Исак Лума, изјави дека сака да испрати две пораки до членовите од „Војводи“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања