Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Вонредна координација: Собранието утре продолжува со работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sobranie-3

Вонредна координативна средба во собранието.  На средбата присутни беа координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО – ДПМНЕ и претставникот на политичката партија Левица.

— реклама —

Вонредната координативна средба ја свика претседателот на Собранието во насока на деблокирање на целокупната работа на Собранието, вклучително и работата на работните тела, со оглед на тоа што работата на дел од матичните работи тела е закочена повеќе од 5 месеци. Премисата беше наговестена во изјавите на сите политички чинители изминативе денови. Координаторите на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ го известија претседателот за кои точки е постигната согласност за деблокирање.

Претседателот нагласи дека не смее да има приоретизирање на одредени точки затоа што лидерите на политичките партии се договориле за тоа надвор од Собранието, работата на Собранието треба да се деблокира на секое ниво и сите политички партии треба да ја напуштат праксата на заложништво на процесот на усвојување закони, немање кворум заради оправдани здравствени причини на пратеници поврзани со КОВИД – 19 пандемијата, или поднесување на огромен број амандмани по еден закон, оптоварувајќи ја и службата на Собранието а не само законодавниот процес. Претседателот нагласи дека, праксата на условување не оди во прилог никому.

— реклама —

Претседателот е одговорен за почитување на Уставот и Деловникот, за зачувување на дигнитетот на Собранието. Собранието е државна институција, треба да се работи на тој начин и во работата не смее да има ултиматуми.

Заклучокот од Координативната средба е дека утре (15 април), Собранието продолжува со работа по 32 седница, додека за натамошната динамика на работа, ќе се координираат дополнително.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања