Претседателот на Србија Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста констатираше дека денес по долгогодишни закани официјално е формирана таканаречената војска на Косово. Претседателот истакна дека Албанците покажаа дека не се грижат за почитувањето на правата и правдата.
“Ние заклучивме дека формирањето на Армијата на Косово е во спротивност со меѓународното право и нивниот нелегални устав. Овој потег се заканува на мирот и безбедноста. Србија има поднесено барање за свикување седница на Советот за безбедност, јас сум подготвен како претседател на седницата да бидам присутен”, рече Вучиќ.
Тој на прес конференција истакна :
„Сѐ што направија Албанците направија спротивно на нормите на јавното право и на сопствениот највисок правен акт уставот и покажаа, како и нивните заштитници и спонзори, дека не им е до почитувањето на правото и правдата туку сакаат спроведување на сирова сила, напади врз Србите и нескриен напад врз Србија“.
Тој кажа дека Србија вложила големи напори да ги зачува мирот и компромисот, а дека денес е сосема јасно дека ни Албанците ни нивните спонзори не сакале мир. Како косовски спонзори Вучиќ ги означи САД, Британија и Германија.
Тој им се обрати и на Србите на Косово.
-Драги пријатели, знам дека ова се тешки денови за вас. Спокоен сум и мирен затоа што знам дека направивме се. Вие не морате да се грижите, Србија ќе има сила да ве заштити. Србија нема да се откаже од својот народ и својот своето достоинство, ниту гордост. Во иднина уште повеќе ќе пропагирам дека со сите останати во регионот ќе настојуваме да одржиме најдобри можни односи. Не дојдов во униформа, немаме од кого да се плашиме, но и од никого не се плашиме, им порача Вучиќ.
Вучиќ им се обрати и на Србите на Косово.