Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Вооружен напад во Атина: 89-годишник рани повеќе лица во ЕФКА и суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Балкан
vozdusna-puska

Во Атина денеска е регистриран вооружен инцидент во кој неколку лица се повредени, откако 89-годишен маж вооружен со ловечка карабина отворил оган во објект на Националниот фонд за социјално осигурување (ЕФКА) во населбата Керамикос, а потоа нападот го продолжил и во Апелацискиот суд.

— реклама —

Според грчките медиуми, напаѓачот прво влегол во просториите на ЕФКА, каде што пукал и ранил еден вработен во пределот на нозете. Веднаш по инцидентот, тој се упатил кон Апелацискиот суд, каде повторно отворил оган и повредил најмалку три лица.

— реклама —

Повредените, меѓу кои и службени лица од судот, се пренесени во болница. Според првичните информации, станува збор за полесни повреди. На повредениот службеник од ЕФКА му била укажана прва помош на лице место од полициски службеници.

— реклама —

Грчката полиција спроведува голема акција за пронаоѓање на сторителот, а оружјето – ловечката карабина – е пронајдено и одземено.

— реклама —

Неофицијално, напаѓачот е 89-годишен маж кој собира старо железо и отпад. Засега не се познати мотивите за нападот, а останува нејасно и како успеал незабележано да се движи меѓу двете локации, кои се оддалечени околу пет километри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9hmkam6skofibBBSAug

Се забрзува изградбата на капацитети за складирање струја во Грција

Балкан | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 1 ден

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 2 дена

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања