Промени тема
Контакт

Воведовме нова методологија со која минималната плата ќе расте секој март и тоа нема да зависи од политичката волја, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
pari-1

Во секој сегмент, СДСМ зад себе има резултати што прават разлика. Тоа, најизразено е во делот на заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани, вели СДСМ

„За период од шест години, во четири наврати ја зголемивме минималната плата.

— реклама —

Со последното покачување, минималната плата за сите работници изнесува 20.175 денари.

Тоа е за два и пол пати повеќе во однос на минималната плата во времето на ДПМНЕ кога таа изнесуваше само 8.000 денари.

— реклама —

Покрај тоа, воведовме и нова методологија со која минималната плата ќе расте секој март и тоа нема да зависи од политичката волја на која било влада во иднина.

— реклама —

Ветивме и го исполниваме дадениот збор за просечна плата од 34.000 денари и тоа ветување го исполнивме една година порано од предвидениот рок.

За опозицијата беше незамисливо, па дури и смешно просечната палата да изнесува 500 евра, а денес таа изнесува над 34.000 денари и е во постојан раст.

— реклама —

Сето ова е резултат на успешните економски мерки и политики на Владата предводена од СДСМ.

Продолжуваме со вистинска грижа, продолжуваме да работиме на унапредување на животниот стандард на работниците и на сите категории на граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања