„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Возач обвинет за предизвикување општа опасност - наместо да застане на полициски знак, ја зголемил брзината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
policija-2-1

— реклама —

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

На 16 мај, обвинетиот 33-годишник од село Беловиште, управувал рент-а-кар возило Шкода рапид со скопски регистарски ознаки. Во близина на една бензинска пумпа во Гостивар се движел со брзина над дозволената. Тоа го забележал полициски службеник кој преземал службени дејствија за контрола на брзината во сообраќајот – радар, па на возачот му сигнализирал да запре. Наместо тоа, обвинетиот ја зголемил брзината и продолжил да се движи кон центарот на Гостивар. По извесно време, се вратил и со голема брзина претекнал неколку автомобили. Кога оштетениот со палка повторно му дал знак да сопре, обвинетиот нагло свртел со воланот кон него и изгубил контрола врз автомобилот. Полицискиот службеник успеал да се тргне настрана и да го избегне возилото.​​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања