Лизгави патишта низ земјава. Возачите револтирани на ЈП Македонија Пат. Се чини дека и годинава се соочуваме со истите маки. Освен препораки за внимателно возење , ништо друго. Возачите оставени сами на себе да се снаоѓаат по лизгавите патишта. Сообраќајот по патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат.
На ѕидот на сообраќајниот срам предмлку поставена фотографија од излизган автомобил со коментар: Спиете ли мирно Македонија пат?
Автомобилот се излизгл на патниот правец Прилеп - Битола, потоно од Тополчани за Ерековци после бензиската пумпа 1 км.
Фотографијата јасно покажува по какви патишта се вози во државава.