„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Возачот и сопственикот на „Дурмо турс“ одат во домашен притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
avtobus-krov

— реклама —

Од затворски во домашен притвор одат првоосомничениот – сопственик на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули и шестоосомничениот – возач на автобусот. Одлука е донесена пред два дена од судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд. На решението, вчера жалба поднесе скопското обвинителство, до која дојде 1ТВ. Обвинителството аргументира на цели шест страници дека одлуката за поблаги мерки не може да ги носи судија на претходна постапка, откако судии од кривичен совет, како повисока инстанца, веќе решиле да биде продолжен 30 дневниот притвор.

— реклама —

Обвинитеството ги појаснува надлежностите за притворите на судот – судија на претходна постапка во првите 30 дена, кривичниот совет може да носи одлуки за мерки за уште 60 дена, повискиот суд, пак најмногу до 90 дена. Во жалбата е наведено дека нема правна логика, тој што носи притворски решенија до 30 дена, да одлучува и за укинување и носење поблаги мерки. Оваа праска за Обвинителството е апсурдна ситуација.

„Ова значи драматично кршење на принципот на правна сигурност и извесност на органот кој во зависност од фазата на постапката во име на судот ги носи одлуките. Напоменувам дека законодавецот се определил за генеричен поим „судот“, кога говори за обврската во секое време да се преиспита мерката притвор по службена должност или предлог на странките во смисла на член 173 став 1 од ЗКП, а при тоа никаде во Законот не дава ексклузивитет тоа да го прави во текот на целата истрага судијата на претходна постапка“, наведува Основното јавно обвинителство Скопје во жалбата испратена до судот.

Од кривичниот суд велат дека судија на претходна постапка заради влошена здравствена состојба ги ублажил мерките од затворски во домашен притвор, а конечната одлука ќе ја има кривичен совет на скопска „единица“, до каде ОЈО се жали.

Истрагата на скопското обвинителство е за кобната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, кога во февруари кај Ласкарци излета автобусот на „Дурмо Турс“. Од тешките повреди загинаа 16 патници. Обвноителството гони шестмина за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а еден за несовесно работење.

Извор: 1tv.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања