Возачот на Бектеши и Бесими доби кривична бидејќи поминал на црвено светло

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
soobrakajka-1

Единица за безбедност на патниот сообраќај до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.Б.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик.

— реклама —

– Пријавениот, на 7.02.2022 околу 19.15 часот, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, не застанал на вклучено црвено светло на семафор и кога навлегол во крстосницата со бул Илинден удрил во патничко возило „киа“, управувано од А.Т.(36) од Скопје, кое од ударот го променило правецот и удрило во патничко возило „фиат“, управувано од Д.П.(45) од Скопје – велат од МВР.

— реклама —

Во несреќата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35) од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесни во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

— реклама —

Службено возило во кое биле министрите Фатмир Бесими и Крешник Бектеши учествуваше во сообраќајна несреќа пред Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања