„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Возачот на камионот кој предизвика несреќата на скопската обиколница, осoмничен за тешки дела против безбедноста на луѓето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

F071A090-0D4F-454E-A799-E2A09E4A67B4

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст. 4 во врска со чл. 297 ст. 3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинетиот, на 21.06.2019 година, по автопатот Скопје-Тетово-Обиколница на Град Скопје како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и ги довел во опасност животот и телото на луѓето.

Тој управувал со товарно моторно возило МАН со скопски регистарски таблички и кога дошол пред надвозникот Визбегово, не се движел по средината на обележаната сообраќајна лента. Со десните тркала на камионот тој се движел по сообраќајната лента за принудно запирање, со што постапил спротивно на чл.29 ст.1  и на чл. 132  ст.3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

— реклама —

Од тие причини тој удрил во задниот лев дел на автомобил БМВ 535 со гостиварски регистарски ознаки, кој бил запрен во десната сообраќајна лента заради контрола од страна на мобилна сообраќајна полициска екипа. Од силата на ударот, патничкото моторно возило БМВ се придвижило нанапред и удрило во паркираниот полициски автомобил Шкода Јети и во метална одбојна ограда покрај патот. Автомобилот БМВ се запалил, при што сопатникот во возилото се здобил со изгореници и починал на лице место. Полициското возило исто така се придвижило нанапред и удрило во пешаците – возачот на автомобилот БМВ кој бил излезен надвор од својот автомобил и двајца полициски службеници. Сите тројца се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Еден од полициските службеници подоцна им подлегнал на повредите здобиени во сообраќајната несреќа.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања