„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Возачот Васил Јованов бара помала казна, обвинителката Фатиме Фетаи – построга пресуда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
vasil-j

Возачот Васил Јованов, кој во мај ја прегази младата Фросина Кулакова на пешачки премин и беше осуден на 12 години затвор, денеска пред Апелациониот суд во Скопје побара неговата казна да биде намалена. Истовремено, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи побара построга казна за Јованов, оценувајќи дека првостепената пресуда е преблага, пишува „Слободен печат“.

— реклама —

Јованов беше спроведен од затворот „Скопје“ и во судницата уште еднаш изрази жалење за трагедијата:

„Сакам да изразам најдлабоко каење и искрено сочувство до семејството на загинатата. Имам голема грижа на совест за тоа што се случи и болката што ја предизвикав.“

Судијката известител Александра Ристеска информираше дека по предметот пристигнале две жалби – една од Обвинителството за организиран криминал и корупција со барање за повисока казна, и друга од бранителот на Јованов, адвокатот Сашко Дуковски, кој бара казната да биде намалена или случајот вратен на повторно судење.

— реклама —

Обвинителката Фетаи побара од Судот да ја одбие жалбата на одбраната и да ја усвои жалбата на обвинителството:

„Со вакви возачи, што не почитуваат ниту едно сообраќајно правило, никој не може да се чувствува безбедно. Притоа, против обвинетиот има и други прекршоци, што покажува дека не се одвратил од повторување на делото. Казната мора да гравитира кон горната граница.“

Одбраната, пак, инсистираше дека признанието на вина е искрено и треба да биде олеснителна околност.

„Признанието се дава со цел да се избегнат долги судења и да се покаже свесност за стореното. Ве молам, видете го видеото неколку минути по настанот и сами ќе процените дека неговото каење не е лажно“, изјави адвокатот Дуковски.

Апелациониот суд, по завршување на јавната седница, треба да донесе правосилна одлука за случајот кој предизвика силни реакции во јавноста и повторно го отвори прашањето за казнената политика кон несовесните возачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vasil-jovanov-tatko-na-frosina

Остро обраќање на таткото на загинатата Фросина: „Парите им се помили од образот“

Македонија | пред 3 седмици

vasil-tatko

На 24 јуни ќе му се суди на Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов

Македонија | пред 7 месеци

frosina-4512513245

Утре во 17 часот кај Универзална за Фросина: „Ова е плукање врз нашата болка, не е пресуда“

Македонија | пред 7 месеци

frosina-majka-

Ова е уште една шлаканица, убиецот на Фросина доби милост, казната не е правда, вели мајката на загинатата Фросина

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања