Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Остро обраќање на таткото на загинатата Фросина: „Парите им се помили од образот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
vasil-jovanov-tatko-na-frosina

Тодор Кулаков, татко на усмртената Фросина, со жестока и емотивна порака реагираше по одлуката на Апелациониот суд, оценувајќи дека ниската доверба во судството е директна последица на, како што вели, системска заштита на криминалот и неказнивоста.

Во објавата, Кулаков наведува дека „2% доверба во судството значи анархија“, посочувајќи дека со години човечкиот живот нема вредност, бидејќи, според него, сторителите не одговараат за своите дела. Тој директно обвинува дел од судиите и институциите дека го спасувале Васо Јованов (возачот кој ја усмрти) од одговорност уште пред трагедијата во која беше убиена неговата ќерка.

Кулаков тврди дека во Министерството за внатрешни работи биле „чувани во фиока“ околу 15 пријави за дивеење во сообраќајот, кои никогаш не стигнале до суд. Во објавата ја споменува и судијката Даниела Алексовска, за која вели дека претходно го ослободила Јованов во предмет поврзан со трговија со дрога, а дури по убиството на Фросина бил донесен осудителен исход.

— реклама —

Тој остро реагира и на висината на изречената казна, оценувајќи дека за, како што наведува, „најсвирепото убиство во сообраќајот“ е изречена казна која е едвај половина од законскиот максимум. Според него, дополнителен срам е што, како што вели, уште пет судии со своите одлуки ја продолжуваат неправдата, ставајќи ги, според Кулаков, парите пред моралот и одговорноста.

— реклама —

„Седум судии – седум за судење, народот да им суди“, порачува Кулаков во објавата, завршувајќи со апел дека без вистинска одговорност во судството, државата тоне во анархија, а правдата останува недостижна за жртвите и нивните семејства.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2qt1irfdk6sue9jFjH6

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на Апелација, Тања Милева доби само два гласа

Македонија | пред 5 дена

media-librarykbajvh3nsh691nK2tR7

Бодовите против менаџерските способности: Судскиот совет расправаше кој да ја води Апелација, па прават пауза за да најдат звучник оти не се слушаат

Македонија | пред 5 дена

media-libraryrbg26kshfogn3dFrttO

ИРЛ осудени за клевета кон Анѓушев, Цветковска: Следни дестинации се Уставен и Стразбур

Македонија | пред 5 месеци

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Камбовски не се сеќава на претставки за мито против судијата Ристов познат по соѕиданите пари, ќе провери па ќе каже

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања