„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ИРЛ осудени за клевета кон Анѓушев, Цветковска: Следни дестинации се Уставен и Стразбур

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-libraryrbg26kshfogn3dFrttO

ИРЛ реагира на одлуката на Апелациониот суд, кој по вторпат пресуди во корист на Кочо Анѓушев во предмет за клевета и навреда поврзан со документарецот „Заговор против воздухот“ (2021). ИРЛ оценува дека со пресудата се удира врз јавниот интерес и слободата на изразување и најавува жалби до Уставниот суд и Стразбур. Тужбата прво била одбиена, но по жалба предметот бил вратен и без нови докази е донесена пресуда за тужителот; судијката подоцна била дисциплински санкционирана. Пресудата е осудена од меѓународни организации и амбасади, а новинарските здруженија предупредуваат на опасен преседан за тоа кој е медиум/новинар.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) реагира по одлуката на Апелационен суд, кој по вторпат пресуди во корист на поранешниот вицепремиер и бизнисмен Кочо Анѓушев, а против новинарите на ИРЛ во предмет за клевета и навреда.

— реклама —

„Апелациониот суд му пресуди на јавниот интерес и на слободата на изразување“, наведуваат од ИРЛ.

„Анѓушев во своето соопштение тврди дека ИРЛ дејствувало да го уништи него и ,стопанствениците’ и македонската економија и држава. И се ова сме го правеле за кариери и хонорари. Е па немаме за дивиденди, државна земја, а и не сме фанови на државно субвенционирани бизниси што ги уништуваат нашите реки, планини, земја… Немаме ни мрежи од фирми во Малта и по светов. За одлуката нема коментар ни власта , а ни опозицијата што е чудно ко за една опозиција ако се тоа. Но, тендери за чкорче болниците не делеше ИРЛ туку Филипче, фотоволтаици не прави ИРЛ туку братот на Филипче со братот на Заев, изведено од господинот. Субвенции за мали хидроцентрали не делев јас, туку Груевски и Мицкоски. Реакциите на овој агресивен грабливец поддржан од платеници во медиумите, институциите и партиите, само покажуваат дека независните граѓани и медиуми имаат моќ, само си требаме да сме повеќе и погласни. Фала им на сите илјадници граѓани што коментираат, споделуваат и ни пишуваат за поддршка. Борбата продолжува, следните дестинации се Уставниот суд и најпосле, Стразбур. Случајот се однесува на истражувачкиот документарец „Заговор против воздухот“, емитуван во 2021 година, во кој тужител е Анѓушев, а тужени се ИРЛ и главната уредничка Сашка Цветковска“, стои во ре-објавата на уредничката Сашка Цветковска.

— реклама —

Во 2021 година тужбата за навреда била одбиена од Граѓанскиот суд како неоснована, со образложение дека не постојат причини за утврдување клевета. По жалба на Анѓушев, Апелација го вратила предметот на повторно судење. На повторената постапка, без нови докази, Граѓанскиот суд пресудил во корист на тужителот.

Судијката која го водела предметот подоцна била дисциплински санкционирана од Судскиот совет поради тешка повреда – отстранување на јавноста од судницата.

Пресудата беше јавно осудена од Советот на Европа, амбасадите на САД и ЕУ, Меѓународната и Европската федерација на новинари, Меѓународниот прес институт, Пулицер центарот, OCCRP, како и од повеќе регионални и домашни организации.

Здружение на новинарите на Македонија и Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници организираа јавен протест пред судот, на кој присуствуваа повеќе од сто новинари и медиумски работници.

Од новинарските здруженија посочуваат дека во образложението на пресудата, која сега ја потврди и Апелација, се создава, како што велат, опасен преседан – судот и државните институции да одредуваат што е медиум, кој е новинар и кој може да се занимава со новинарска дејност.

ЗНМ и ССНМ најавуваат дека ќе продолжат да стојат зад истражувачкото новинарство и ќе ги искористат сите расположливи правни механизми, вклучително и пред повисоките домашни и меѓународни судски инстанци.

Случајот е регистриран како СЛАПП на меѓународната Платформа за мапирање на медиумски слободи (Mapping Media Freedom), а реакција и осуда на ваквата пракса имаше и од Меѓународната и Европската федерација на новинари.

Од ИРЛ оценуваат дека исходот на предметот има пошироко значење за слободата на изразување, јавниот интерес и заштитата на истражувачкото новинарство во Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Камбовски не се сеќава на претставки за мито против судијата Ристов познат по соѕиданите пари, ќе провери па ќе каже

Македонија | пред 1 месец

media-librarykgu5elnmkf66cyXeQ4l

Судијка под истрага, „Скопје1“ под закана: Кој го напиша вториот записник за случајот „Телеком“?

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjb22uj89fjatf4Fi7Fb

За Ѓоко Ристов засега не се бара притвор, а има и имунитет оти е судија

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk9chqiu7d1gceH1tl4i

МВР со детали за претресот кај родителите на судијата, каде открија пари соѕидани во ѕид

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања