Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на Апелација, Тања Милева доби само два гласа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-library2qt1irfdk6sue9jFjH6
Принтскрин

Зоран Герасимовски е избран за вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје, откако на седницата на Судскиот совет доби поддршка од девет членови.

Претходно, членовите на Судскиот совет гласаа за предлогот Тања Милева да биде в.д. претседател на Апелација-Скопје, но тој не доби потребно мнозинство.

За Тања Милева гласаа двајца членови на Советот, додека сите останати беа против предлогот.

— реклама —

Потоа на гласање беше ставен предлогот Зоран Герасимовски да ја извршува функцијата вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје.

За Герасимовски гласаа девет членови на Судскиот совет, додека двајца беа против.

— реклама —

Со тоа, Зоран Герасимовски е избран за вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје, функција што ќе ја извршува до изборот на нов претседател по редовна постапка.

— реклама —

Герасимовски е долгогодишен судија. За судија во Основниот суд Тетово е избран во 2005 година, а од 2017 година е судија во Апелациониот суд Скопје. Во 2022 година беше избран за член на Судскиот совет од редот на судиите, но во 2023 година поднесе оставка од функцијата, образложувајќи дека поради несогласувања во работата на Советот смета дека поголем придонес може да даде како апелационен судија.

media-librarykbajvh3nsh691nK2tR7

Бодовите против менаџерските способности: Судскиот совет расправаше кој да ја води Апелација, па прават пауза за да најдат звучник оти не се слушаат

Судскиот совет расправаше за изборот на вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје, откако досегашната претседателка Мери Дика Георгиевска беше избрана за уставен судија. Во дебатата беа предложени двајца кандидати – судијката Тања Милева и судијата Зоран Герасимовски, а членовите на Советот изнесоа различни аргументи во нивна полза.„Имав во предвид кој како може да се справи со менаџерски работи. Јас ја предлагам колешката Тања Милева. Таа е од 2019 година судија таму и мислам м

Македонија | пред 3 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykbajvh3nsh691nK2tR7

Бодовите против менаџерските способности: Судскиот совет расправаше кој да ја води Апелација, па прават пауза за да најдат звучник оти не се слушаат

Македонија | пред 3 часа

media-libraryrbg26kshfogn3dFrttO

ИРЛ осудени за клевета кон Анѓушев, Цветковска: Следни дестинации се Уставен и Стразбур

Македонија | пред 5 месеци

media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Камбовски не се сеќава на претставки за мито против судијата Ристов познат по соѕиданите пари, ќе провери па ќе каже

Македонија | пред 6 месеци

media-librarykgu5elnmkf66cyXeQ4l

Судијка под истрага, „Скопје1“ под закана: Кој го напиша вториот записник за случајот „Телеком“?

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања