Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Камбовски не се сеќава на претставки за мито против судијата Ристов познат по соѕиданите пари, ќе провери па ќе каже

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, во изјава за медиумите пред почетокот на денешната седница, изјави дека не располага со точен податок колку пријави биле поднесени против судијата Ѓоко Ристов, кај кого во домот на неговите родители беа пронајдени заѕидани 350.000 евра, но нагласи дека досега немало пријави од негови колеги – судии од Апелациониот суд.

— реклама —

Камбовски посочи дека во Судскиот совет постојано пристигнуваат голем број претставки, но дека не се сеќава на конкретна претставка која се однесувала на сомнеж за земање мито или слични тешки обвиненија против судијата Ристов.

„Во Судскиот совет има безброј претставки. Од прва, не се сеќавам дека имало конкретна претставка за земање мито или нешто слично. Колку што паметам, имаше случај кој се однесуваше на негово неизземање во предмет каде што требало да биде изземен. За други конкретни наводи во овој момент не можам да се сетам. Ќе ви одговориме официјално, за да не дадам неточна информација“, изјави Камбовски.

— реклама —

На дополнително новинарско прашање дали во Судскиот совет имало пријави поднесени од судии, колеги од Апелациониот суд, конкретно против судијата Ѓоко Ристов, Камбовски децидно одговори дека такви пријави немало.

„Не. Во однос на пријави од негови колеги – судии од Апелација, досега немало такви пријави во Судскиот совет. Можеби имало претставки, па и анонимни претставки, но од колеги-судии – не“, нагласи претседателот на Судскиот совет.

Тој најави дека Судскиот совет ќе излезе со официјален и прецизен одговор за сите прашања поврзани со евентуалните претставки и постапки, откако ќе се изврши целосна проверка на документацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0p96u6skogd921mua8v

Нема што да се расправа за судијата кој го прати Груби во куќен притвор, членот на Судски, Јошевска, одговори на прозивките од Филков

Македонија | пред 2 седмици

media-library439d2gh00u939iRZvnh

(Видео) Од Врховен, преку судија и Владата до Судскиот совет: како, според Катевеновски, течела постапката за негово разрешување

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynfk2ck3udsq11jvV6jH

По вторпат разрешена судијката Савовска Димитровска која се закануваше на „Скопје1“, а со нејзе заминува и судијката Георгиева

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhhh9pq8lksj9b3v20fO

(Видео) Спиро Борисов и по две недели не ги демантира обвинувањата за земени 5.000 евра од Дацо Белски, на кого му одредил притвор

Студио | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања