Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Возел со 2,22 промили алкохол низ Тетово, удрил тројца малолетници и избегал: Едно момче тешко повредено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarypkffqec7e2am1lN7wc5
unsplash / Фото: Илустрација

Три 16-годишни момчиња биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово. Во нив удрило патничко возило „БМВ“, управувано од 42-годишен тетовец, кој по несреќата го напуштил местото.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Тетово на 24 октомври 2026 година, околу 22:20 часот.

— реклама —

Возачот Д.С. по ударот продолжил да се движи со возилото, но набргу бил пронајден и сопрен на улицата „Никола Тесла“ во Тетово.

— реклама —

При извршеното алкотестирање биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта. При преглед на возилото, полициските службеници пронашле и три пакувања со марихуана.

Возачот бил лишен од слобода, а возилото било одземено.

— реклама —

Во несреќата еден од малолетниците се здобил со тешки телесни повреди, додека другите двајца поминале со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.

— реклама —

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против возачот ќе следува соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 4 часа

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања