Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Возеле пијани, без возачка дозвола, со забрана и во спротивна насока – шестмина приведени низ Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryjohi0te5esv38xjd81v

Шест возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со моторно возило, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, тројца од нив управувале возила без положен возачки испит. Станува збор за Б.М. (34) од Батинци, 16-годишник од Морани и Ф.К. (32) од Големо Коњари, кој истовремено бил и под дејство на алкохол.

— реклама —

Под дејство на алкохол возел и С.А. (53) од делчевското село Град, кој претходно предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета.

— реклама —

Полицијата го лишила од слобода и А.А. (38) од Прилеп, кој управувал возило и покрај активната забрана за управување, а бил и под дејство на алкохол.

Шестиот возач, М.Е. (66) од тетовско, бил затекнат како управува патничко возило во спротивна насока.

— реклама —

Сите шест случаи се квалификувани како кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, да не управуваат без возачка дозвола, под дејство на алкохол или со активна забрана, како и да ја почитуваат пропишаната насока на движење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1p5k4clm2hnl3lOkyE6

Детали за тепачката пред „Јане Сандански“: Околу 30 навивачи на „Фемили“ нападнале 50 навивачи на „Работнички“, тешко повреден 16-годишник

Скопје | пред 1 час

— реклама —
pistol-zapl-2

Двајца познаници нападнале 76-годишник во неговиот дом, го удриле со кундак од пиштол и му украле пари

Скопје | пред 1 час

semejno-nasilstvo

Со години ја малтретирал сопругата, па ја нападнал и ја избркал од домот во Гази Баба – уапсен 39-годишен скопјанец

Скопје | пред 1 час

media-libraryhfj495a97pes8vvc9ni

Мајка од беровско доби кривична пријава, ја тепала својата 12-годишна ќерка

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања