„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Возменирувачки фотографии) Вреќи со убиени кучиња, медицинска опрема расфрлани во напуштена касарна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
56163459_675528066200085_5726224229238571008_n

Хорор во Кумановско - вреќи со убиени кучиња, медицинска опрема, по што е евидентно дека се убиени од медицинско лице (ветеринар); расфрлани во старата касарна (населба Карпош, меѓу жители на Куманово позната како Рајкова куќа). Наш активист е таму и полиција е веќе повикана и на лице место, преку соопштение информираат од ANIMA MUNDI.

— реклама —

Грозоморно сведоштво и фотографии  на кои се гледаат мртви кучиња во вреќи, расфрлани во старата, веќе непостоечка касарна (населба Карпош), запустено, изолирано место каде речиси нема никаква фреквенција на население.

— реклама —

Кучиња во вреќи и некои надвор од вреќите, собрани во еден куп; куче кое делува дека барем кусо време било живо и се извлекло од вреќата за потоа да умре.

 Кучиња со вкочанети вилици - кои укажуваат на насилна смрт; со канили во вените што укажува дека интервенирал ветеринар. Вреќи полни ѓубре, медицинска опрема и некакви си ќебиња, јоргани, кои не ги отвораме за да користат како материјален доказ за итна полициска истрага. Нема зборови кои се потребни да се дополни овој ужас толку монструозен и видлив за сите, сега преку овие фотографии.

Од Анима Мунди прашуваат:

ДАЛИ КУМАНОВО Е ЦРНА ДУПКА ЗА ЖИВОТНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ЦЕНТРАЛНО МЕСТО ЗА УБИВАЊЕ НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ ВО ДРЖАВАВА? 

ДАЛИ ВЕТЕРИНАРИ КОИ СЕ АНГАЖИРАНИ ОД СТРАНА НА ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ да стерилизираат и ги обележуваат животните, ги убиваат бездомните кучиња? Во тоа уверуваат бројни активисти од Куманово но и други градови (Кочани, Берово, Пробиштип, Струмица, Делчево), градови во кои како извршител на програмата за хуман третман се води ветеринарната болница Тодор Велков. Граѓани на кои кучиња се заловуваат за потоа да им се губи секоја трага. ДАЛИ ОПШТИНСКИТЕ ВЛАСТИ ИМААТ ТАЈНИ, УСНИ ДОГОВОРИ ДА КУЧИЊАТА СЕ ЗАЛОВУВААТ, НО ПОТОА НИКОГАШ НЕ СЕ ВРАТАТ НАЗАД?

Располагаме со бројни сведоштва, бројни пријави се доставени до АХВ но никогаш не е превземено конкретно ништо!

ИНФОРМИРАМЕ дека ВО МОМЕНТОВ на лице место е наш активист и е повикана полиција како и инспектори на АХВ и БАРАМЕ итна и темелна истрага, најстрога ЗАТВОРСКА КАЗНА за сторителот/сторителите , како и ТРАЈНО ОДЗЕМАЊЕ НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ ЛИЦЕНЦИ на ветеринарните лица, доколку се докаже вистина она што го добиваме како информација во континуитет, велат од Анима Мунди.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања