Промени тема
Контакт

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Двајцата туристи кои се удавија во Албанија се од Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
20210822151139

Идентификувани се двајцата македонски туристи кои денеска на пладне се удавија на плажата Спиле, кај албанското пристаниште Драч.

Како што пренесува Топ чанел, станува збор за 80-годишниот Р.Д. и 78-годишниот Ц. М. и двајцата од Битола, кои шест години по ред одмарале токму на оваа плажа.

Биле дел од група од 52-ца македонски туристи кои пред четири дена пристигнале во Драч.

— реклама —

-Откако ручале тројца од групата влегле во морската вода, но само еден од нив успеал да излезе жив. Една од жртвите боледувал од срцеви болести, наведува телевизијата.

Трагичниот настан се случил околу 11:25 часот на јавна плажа, на која немало набљудувач. Едно од телата го забележал набљудувач од соседната плажа, по што интервенирал, а откако влегол во водата го забележал и другото тело.

Најпрво присутните на плажата им дале срцева масажа, но и на брзата помош, која веднаш стигнала, не и успеало да ги врати во живот.

— реклама —

Првичните информации потврдуваат дека причината за смртта е срцев удар.

Видеото можете да го видите на следниот ">ЛИНК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања