Вработен на Стоматологија заразен од смртоносната бактерија МРСА

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
stomatologija

На Клиниката за стоматологија вработен во текот на денот се пожалил на симптоми кои укажуваат дека тој е заразен со бактеријата МРСА. Оттука за денеска е најавено дека на сите вработени денеска ќе им се направат испитувања за се види дали и колку од нив ја имаат оваа бактерија, објави Курир.мк.

— реклама —

-Доколку навистина ја има оваа бактерија кај некој од вработените или има само симптоми Клиниката треба прво веднаш да се затвори и да започне постапка истата да биде уништена. Во исто време треба да се направат испитувања кај сите вработени, коментираат упатени.

Сепак дел од стручната јавност посочува дека во ваква ситуација лицето кое ги има симптомите треба веднаш да биде ставено во изолација.

— реклама —

Истите извори велат дека станува збор за бактерија која многу лесно се пренесува при ракување, допир, преку површина со која бил во контакт носител на бактеријата.

-Токму поради ова е потребно затворање на Клиниката, бидејќи протокот на пациенти е голем. Таму има различни оддели како за деца, возрасни, протетика, велат упатени.

МРСА е бактерија којашто е исклучително отпорна на антибиотици, а се пренесува со директен контакт со заболено лице или заразен материјал. Предизвикува опасни крвни инфекции, воспаление на белите дробови или инфекции на местото на хируршкиот зафат.

Симптомите се појава на булбуси на кожата коишто се црвени, отечени, болни и топли на допир, како и висока температура, грозница, слабост, болки во мускулите и така натаму. Во случај на агресивен облик на болеста, доаѓа и до сепса, инфекции на срцевите залистоци или коските и воспаленија на белите дробови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања